Селекторот на Бразил, Тите, вели дека репрезентацијата може успешно да функционира и без напаѓачот Нејмар кој e во моментов најголемата бразилска фудбалска ѕвезда. Тоа се виде и на последното издание на Копа Америка на кое Бразилците триумфираа на домашен терен.
„Нејмар носи непредвидливост на вашата игра. Со него нашиот лик е сосема поразличен. Секако, зборувам за Нејмар кој е максимално ментално и физички подготвен. Тој ние е многу значаен, но, не е незаменлив“ – нагласи селекторот на Бразил.
Нејмар кој го носи дресот на францускиот ПСЖ, сега се наоѓа на третото место на вечната листа на стрлците во селекцијата на „кариоките“. Пред него се Пеле и Роналдо.