Селекторот на националниот тим на Бразил Тите остана задоволен од претставувањето на Нејмар на првите тренинзи на тимот пред почетокот на Светското првенство во Русија.
Напаѓачот на Пари Сен Жермен зеде учество во првиот тренинг на својата репрезентација по повредата на стапалото, која ја доби на крајот на зимата и поради која ја пропушти последната третина на сезоната.
Пред бразилските медиуми Тите коментирал дека Нејмар се вклучил добро во тренинзите, иако сеуште дејствува со голема претпазливост, особено во дуел играта.
Бразил е во групата „Д“ на Светското првенство заедно со селекциите на Швајцарија, Костарика и Србија.