Дел од англиските медиуми објавија дека челниците на Арсенал сакаат да го ангажираат фудбалерот на Ливерпул, Алберто Морено, кој има договор со „црвените“ до летото во 2019 година.
Левиот бек кој има статус на резерва на „Енфилд“ , најверојатно уште во јануари ќе се обиде да пронајде друга средина во која ќе може да ги покаже неговите квалитети. Според – „Мирор“, Шпанецот нема намера да остане во сегашниот тим и затоа може да ја прифати евентуалната понуда од Арсенал.
За Морено кој има 26 години, се појавија шпекулации дека е заинтересирана и екипата на Барселона која во тековнава сезона има многу проблеми во дефанзивната линија.