Францускиот фудбалски репрезентативец на Баерн Минхен, Корентен Толисио, рече дека елиминацијата од Реал Мадрид е најголемото разочарување во неговата кариера.
Баварците беа елиминирани од шпанскиот тим откако загубија во првиот меч дома со 2-1 а вчера на реваншот на „Сантијаго Бернабе“ одиграа нерешено 2 спрема 2. Анализата вели дека Германците во двата меча беа подобри и дека направиле поголем број на шанси.
„Игравме одлично и само нијансите беа решавачки . Баерн направи исклучително прво полувреме, имавме повеќе гол- ситуации. Сега сме многу разочарани, но, мора да одиме напред и да размислуваме за финалето на Купот на Германија”, изјави 23-годишниот Толисио.