Англиските елитни фудбалски состави Манчестер Јунајтед и Арсенал, најавија дека се подготвени да влезат во трката за потписот на играчот на Баерн Минхен, Корентин Толисо, објавија денеска дел од медиумите на Островот.
Францускиот интернационалец по доаѓањето на тренерот, Ханс Флик, го загуби местото во првата постава и затоа нема да биде изненадувачки доколку се определи да ја промени средината. Толисо во 2017 година го напушти тимот на Лион и потпиша за Баварците.
Тој досега одигра 41 меч и постигна само осум голови. Има одредени шпекулации дека за неговите услуги се заинтересирани и неколку екипи од Италија и Шпанија.