Томас Дол е новиот тренер на германскиот бундеслигаш Хановер 96, соопштија од клубот. Тој потпиша договор за 1,5 година и го замени отпуштениот Андре Брајтенрајтер кој по серијата од осум натпревари без победа го остави тимот на претпоследното место во Бундеслигата.
Томас Дол е поранешен тренер на Хамбургер и Борусија (Дортмунд). Тој последен пат го предводеше унгарскиот Ференцварош.
„Дол докажа дека умее да ги извршува поставените цели во претходните тимови – како да освојува титули, па и да ги спасува тимови од испаѓање. Дури во годините поминати во Унгарија тој ја следеше Бундеслигата и ја познава многу добро ситуацијата во германскиот фудбал”, рече спортски директор на Хановер Хорст Хелт.