Напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер, коментираше дека е важно враќањето на напаѓачот Серж Гнабри, кој беше позитивен на коронавирусот, и ги процени изгледите на тимот во Лигата на шампионите.
„Мило ми е што Гнабри е надвор од карантин. Секој ден се прават толку многу тестови низ целата земја, постои можност некој тест да даде лажен позитивен резултат. Драго ни е што тестот е негативен. Баерн отсекогаш бил претендент за трофејот во Лигата на шампионите. Немавме среќа кога бевме елиминирани од Реал Мадрид. Сега имаме силен состав, но кој знае како ќе се одвиваат работите во март-април. Верувам дека тимот може да ја одбрани титулата“, изјави Томас Милер.
Утре, 27 октомври, ќе биде одигран натпреварот од 2.коло од групната фаза од Лигата на шампионите меѓу Локомотив Москва и Баерн Минхен. Средбата ќе се одигра во Москва со почеток од 18.55 часот.