Напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер го израмни рекордот на легендарниот голман Оливер Кан според бројот на победи со клубот.
Милер дојде до 260-та победа со Баерн Минхен. Вчера, Баерн Минхен го доби натпреварот од 6-то коло во Бундеслигата против Келн. За 260 победи, на Томас Милер му беа потребни 357 натпревари. Што се однесува до Кан, тој го држи рекордот за победи во Бундеслигата со настап во повеке екипи. Голманот победи на 310 натпревари.
Рекордер во Бундеслигата за победи со еден клуб е Манфред Калц , кој има победено во 581 натпревар со Хамбургер.

