Томас Милер е близу до нов договор со Баерн Минхен за продолжување на соработката. Двете страни се согласија за терминот на договорот, а платата останува да се прецизира.
Милер, кој веќе 12 години игра за Баварците, добива 15 милиони евра по сезона. Според „Билд“, ако неговата плата остане иста, договорот би можел да биде и до 2024 година.
30-годишниот фудбалер ја помина целата своја кариера во Баерн, одигрувајќи 521 натпревар, а притоа постигна 195 голови за клубот.
