Играчот за врска на Арсенал Томас Парти нема да може да игра за Гана на претстојните средби на националниот тим.
27-годишниот Томас Парти се здоби со повреда на бутот во поразот од Астон Вила со 0:3, на меч одигран синоќа и беше принудно заменет на паузата. Поради повредата, тој ќе остане во Лондон и нема да патува во својата татковина, каде требаше да учествува на натпреварите со Судан на 12 и 17 ноември во квалификациите за Африканскиот куп на нации.
Според информацијата објавена во Англија, повредата на Парти не е сериозна и тој најверојатно ќе се врати во игра веднаш по паузата за репрезентациите, но тоа ќе стане јасно во наредните денови. Арсенал го привлече Парти на крајот од летниот преоден рок откако му плати 45 милиони фунти на Атлетико Мадрид за неговите права.

