Дефанзивецот на фудбалскиот состав Милан, Фикакио Томори, призна дека не размислува за враќање во неговиот поранешен клуб Челзи.
Тој, исто така, изрази надеж дека „росонерите“ во наредните години би можеле да освојат многу трофеи и да ја освојат и Лигата на фудбалските шампиони.
„ Враќање во Челзи ? Сега се чувствувам одлично во Милан и го сакам тимот. Сега сум многу среќен. Конечно сме во Лигата на шампионите и можеби можеме да ја освоиме“ – вели Томори.