Истакнатиот македонски фудбалски работник, Драган Томовски, денеска на средба со новинарите, проговори за имплементацијата на нови правила на фудбалската игра, дел темелени на македонски идеи (награден патент) од 2001 година.
Тој воедно пред присутните гости и новинари, информираше и за нови предлози испратени до УЕФА и ФИФА насочени кон решавање на еден од поголемите проблеми во фудбалската игра, кои произлегуваат од симулирања и одолговлекувања на игра, или популарно „кражба на време“.

За деталите од пресот, слушајте во текот на денов во специјализираните блокови на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.