Играчот за врска на Бреша, Сандро Тонали беше на медицински прегледи во Милано и се очекува вечерва да го потпише петгодишниот договор со неговиот нов клуб.
По тестовите, тој се врати во својот хотел, а подоцна треба да приостигне во базата на Милан за да го стави својот потпис на договорот со „росонерите“.
„Многу сум среќен, честитки за сите навивачи“, рече Тонали пред новинарите и навивачите кога го напуштише медицинскиот центар. Неговиот трансфер се очекува официјално да биде објавен во доцните часови вечерва или утре.

