Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Тонали подготвен да оди кај психолог за лекување од зависност од коцкање
    Фудбал

    Тонали подготвен да оди кај психолог за лекување од зависност од коцкање

    risteBy riste14/10/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Сандро Тонали е подготвен да оди на третман за зависност од коцкање кај психолог, пишува „Кориере дела сера“.

    Агентите го советуваа Тонали да се лекува, а играчот се согласи, иако беше многу „засрамен“ од оваа ситуација.

    Играчот од средниот ред на Њукасл и Италија верува дека треба да се ослободи од внатрешната непријатност, а патот до закрепнување не е најлесниот. Исто така, се тврди дека играчот од средниот ред повеќе направил несреќна грешка отколку дека тоа е сè намерно.

    Сандро е подготвен да соработува со Италијанската фудбалска федерација за понатаму да одржи низа состаноци со млади луѓе кои се зависни од обложување. Менаџерот на Њукасл, Еди Хау е подготвен да му помогне на играчот и да му подаде рака за помош за да се осигура дека Италијанецот ќе се врати без овој проблем.

    Претходно, Тонали и Николо Заниоло од Астон Вила и признаа на полицијата дека се коцкале на нелегални платформи. Според „La Repubblica“, вечерта на 12 октомври истражителите ги посетиле играчите во тренинг базата на италијанската репрезентација во Коверчиано.

    Играчот од средниот ред на Њукасл и крилниот напаѓач на Астон Вила за време на испрашувањето изјавија дека играле покер и блек џек на недозволени платформи, но никогаш не се обложувале на фудбалски натпревари. Додека сведочеле и давале исказ, играчите тешко ги задржале солзите. Во рамките на истрагата, полицијата запленила телефони и таблети од Тонали и Заниоло.

    Двајцата играчи негираат дека разговарале со Николо Фаџоли за обложување на фудбал. Претходно, играчот од средниот ред на Јувентус призна дека се обложил на фудбалски натпревари. Според „La Repubblica“, полицијата на неговиот телефон пронашла разговор за обложување со најмалку 10 играчи од Серија А.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.