Скаутите на фудбалскиот состав, Манчестер Јунајтед, биле присутни на мечот меѓу Бреша и Болоња одигран во изминатиот викенд во рамките на Серија „А“.
Тие го гледале настапот на играчот од средниот ред на Бреша, Сандро Тонали, кој според многумина може да биде насладник на легендарниот, Андреа Пирло. 19-годишниот фудбалер досега во дресот на Бреша реализирал 56 настапи во сите конкуренции. Според „Калчомеркато“, Јунајтед го следи тинејџерот подолг период и нема да биде изненадување ако се обиде да го добие неговиот потпис.
Играчот од средниот ред кој успешно настапува на стадионот –„ Марио Ригамонти“, има договор со италијанскиот прволигаш до летото во 2021 година.