Англиската Федерација покрена истрага против фудбалерот, Тони, за прекршување на правилото за обложување.
Тој се обложил точно 262 пати пред да пристигне во Премиер лигата во периодот од 2017-та до 2021-ва година а казната ќе стапи на сила при донесувањето на конечната одлука на ФА.
Напаѓачот на Брентфорд е трет најдобар стрелец во Премиер лигата со 14 постигнати голови колку што има и играчот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд.