Напаѓачот на Ал Ахли, Иван Тони, одговори на прашањето дали ќе постигне повеќе голови од играчот на Ал Наср, Кристијано Роналдо.
„Се надевам, да бидам искрен, не гледам што прават другите. Секако, знаеме дека Роналдо е најдобриот играч но, ќе се фокусирам на мене и ќе го правам тоа што го знам најдобро“, изјави Тони.
Тој од почетокот на актуелната сезона настапува за Ал Ахли. Напаѓачот на 10 натпревари, постигна четири гола и имаше две асистенции. Неговиот договор е валиден до крајот на јуни во 2028 година.

