Капитенот на фудбалскиот состав Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, ќе го пропушти денешното гостување кај Саутемптон во 20-то коло во Премиер лигата.
Клубот потврди дека голгетерот ќе биде отсутен од семејни причини. Интернационалецот од Габон пред три дена исто така го пропушти натпревар кај Саутемптон во рамките на ФА купот.
Неофицијално, отсуството на Обамејанг е поврзано со смртта на неговата мајка.