Фудбалерите на Арсенал вчера славеа на теренот на Лидс со минимални 1-0 со голот на Букајо Сака постигнат во првото полувреме.
Во крајно интензивен меч, домаќинот имаше поништен гол и промашен пенал. Во една спорна ситуација „ВАР“ одлучи дека Лидс нема да добие шанса и за втор удар од 11 метри. Затоа тренерот на „топчиите“, Микел Артета, вели дека е задоволен од трите бода кои му овозможија на неговиот тим да направи поголема предност на чело на табелата пред Манчестер Сити.
„ Му одавам признание на Лидс за второто полувреме, направивме многу грешки, не можевме да најдеме ритам но, најдовме начин да победиме“ – вели Шпанецот.