Кириан Тирни потпиша договор за пет години со екипата на Арсенал откако шкотскиот Селтик ја прифати понудата на „топчиите“ која претствува рекорд за трансфери гледано во шкотскиот фудбал.
Англичаните за левиот бек мораа да платат 25 милиони евра откако Селтик претходно одби две нивни понуди за 22-годишниот играч. Репрезентативецот на Шкотска кој на „Емирати“ ќе го носи дресот со бројот три, во изминатиот период се соочуваше со повреда а последен пат играше за Селтик на 4. мај
Тој со Селтик освои четири титули во Премиер лигата на Шкотска, два Купа и два Лига Купа.