Челниците на Арсенал се заинтересирани за фудбалерот од средниот ред на Барселона, Рафиња Алкантара, пишува денеска „Мундо Депортиво“.
27-годишниот фудбалер кој е на позајмица кај Селта имаше добри игри од почетокот на сезоната. Тимот од Виго има опција да го купи за 15 милиони евра, но, тоа веројатно нема да се случи.
Во исто време, на Арсенал ќе му требаат засилувања на средина на теренот во текот на летото бидејќи Дани Себајос ќе се врати во Реал Мадрид. Затоа тренерот, Микел Артета, има намера да го замени со Рафиња.