Тренерот на Арсенал, Микел Артета, сака да го привлече Квинси Промес. 28-годишниот играч на Ајакс ќе чини околу 25 милиони евра.
За Квинси се шпекулира дека сака да игра во Англија. Холандскиот напаѓач постигна 16 голови и оствари 5 асистенции на 28 натпревари пред првенството да се стопира поради кризата со корона-вирусот.
Младиот играч во 2019 година во текот на летото ја напушти Севилја и се пресели кај „копјаниците“.Трансферот вредеше 14 милиони евра.