Извршниот директор на Сасуоло, Џовани Карневали, потврди дека Арсенал испратил понуда за фудбалерот, Мануел Локатели, кој прикажува одлични партии во дресот на Италија на евро-шампионатот.
„Тие притискаат за Мануел а нивната понуда е значајна, ќе видиме што ќе се случи.Исто така и Јувентус го сака Локатели а ние сме во специјални односи со нив. Имаме закажано и нов состанок со луѓето од Јувентус -изјави Карневали.
Локатели беше купен од Милан во 2018 година. Тој досега во дресот на Сасуло одиграл 96 мечеви на кои постигнал 6 голови.

