Англискиот елитен фудбалски состав Арсенал, сака да ја продолжи соработката со напаѓачот Пјер Емерик Обамејанг, објавија денеска медиумите на Островот.
Популарните „топчии“ инсистираат интернационалецот од Габон да потпише нов договор кој ќе биде валиден до 2023-та година и кој ќе му донесе 12 милиони евра по сезона. Црномурестиот играч кој до прекинот на сезоната поради пандемијата со Ковид-19 постигна 20 гола на 32 меча, има тековен договор до наредното лето.
Се проценува дека неговата трансферна вредност е околу 50 милиони евра.