Арсенал беше принуден да ја откаже претсезонската турнеја низ Соединетите Американски Држави поради неколку инфицирани со Ковид-19 во групата од 80-ет лица кои требаше да патуваат преку океанот.
Планот беше лондончани да полетаат денеска и да одиграат два меча во Орландо против италијанскиот шампион Интер (недела) а потоа и против Евертон или колумбискиот Милионарс.
Досега не е откриено кои се со позитивните тестови, но, од клубот уверуваат дека болеста е асимптоматска. Инфицираните ќе бидат изолирани а другите ќе продолжат да тренираат во нивната клупска база.