Арсенал има подготвено понуда во висина од 25 милиони фунти за дефанзивецот на Бешикташ и на хрватската фудбалска репрезентација, Домагој Вида. Како што тврдат англиските медиуми, понудата ќе биде испраена веќе в понеделник.
Искусниот дефанзивец е на радарот и на друг англиски клуб – Ливерпул, но на Ливерпул не успеаја да се договори со турскиот тим за неговата цена и малку се реални шансите за негова преселба на „Енфилд“.
Вида беше еден од најдобрите играчи за време на Светското првенство во Русија во редовите на „коцкестите“ и не случајно за него во моментов има многу заинтересирани клубови.