Арсенал го следи играчот од средниот ред на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, пренесува весникот – „The Mirror“.
Лондонскиот тим сака да ја засили крилната позиција а во преден план се наметнува 21-годишниот фудбалер. Тој во сезонава одигра 20 натпревари во елитата на Шпанија со ефект од 3 гола и 7 асистенции.
Во Купот на земјата има одиграно четири средби на кои постигна 2 гола и направи 3 асистенции. Договорот на Вилијамс со Атлетик е до 2027 година.

