Арсенал го доби големото дерби во северен Лондон против Тотенхем со 2:0 и успеа да ја зголеми предноста на табелата во Премиер лигата во трката за шампионската титула.
Избраниците на Микел Артета сега имаат 47 бода по 18 кола, со што значително се одлепија пред конкурентите.
Манчестер Сити е втор, а по поразот од Манчестер Јунајтед остана со 39 бодови, додека градските ривали Манчестер Јунајтед сега имаат 38.
Њукасл има исто така 38 бода и останува во битка за едно од четирите места кои водат во ЛШ.