Следниот месец на акција ќе се најде топката од мечот на кој Диего Марадона го постигна светски познатиот гол наречен „Божја рака“. Станува збор за голот во дресот на Аргентина против Англија на Светското првенство во 1986 година.
Топката со која се играше во тоа четвртфинале меѓу Англија и Аргентина има проценета цена од 2,5 до 3 милиони фунти и ја продава Али Бин Насер, судијата кој дозволи голот „Божја рака“ на Марадона да биде признат.
„Оваа топка е дел од фудбалската историја, вистинско време е да ја споделиме со светот“, рече Бин Насер.