Омер Топрак откако најголемиот дел од фудбалската кариера ја помина во германските состави Борусија Дортмунд, Фрајбург, Вердер Бремен и Баер Леверкузен, објави дека се повлекува од терените.
Дефанзивецот во 16 сезони одигра 263 натпревари а има и 27 средби во дресот на селекцијата на Турција. Негов последен клуб е Анталијаспорт.
– Горд сум што го живеев мојот сон и неверојатно сум благодарен на фудбалот, моите клубови, соиграчите и навивачите за се“, напиша Топрак на социјалните мрежи.

