Играчот за врска на Атлетико Мадрид, Лукас Тореира, кој игра за оваа екипа со позајмица од Арсенал, има намера да го напушти шпанскиот клуб во јануари, објави весникот „Марка“.
Иститот извор вели дека играчот ќе се врати во Англија за потоа да замине на друга позајмица. Торино покажува интерес за играчот од средниот ред. Тореира одигра пет натпревари во Шпанскиот шампионат и четири во Лигата на шампионите, постигнувајќи еден гол. Позајмицата на фудбалерот е до крајот на сезоната 2020/2021.
Тореира се пресели во Арсенал, со кого подоцна го освои ФА Купот, летото 2018 година од Сампдорија. Висината на трансферот беше приближно 30 милиони евра. На почетокот на својата кариера, Лукас ги бранеше боите на Пескара, а беше повикан во репрезентацијата на Уругвај во 2018 година.

