Фудбалскиот состав на Арсенал времено се ослободи од Лукас Тореира кој го напушти Лондон и замина во Фиорентина.
Тој деновиве треба да биде промовиран како засилување за екипата од Фиренца. Уругваецот кој има играно за Пескара и Сампдорија, сега се враќа како позајмен играч во Серија „А“ со опција „виолетовите“ да го откупат неговиот договор за 16 милиони евра.
Тореира со неговото искуство, треба биде одлично засилување во средниот ред за италијанскиот тим.