Напаѓачот, Фернандо Торес, објасни дека има намера да си замине од редовите на Атлетико Мадрид иако планирал да се пензионира токму во редовите на шпанскиот состав.
Според него, тимот има потреба од свежи сили и млади фудбалери а тој е подготвен да го отстапи неговото место. Шпанецот беше дел од Атлетико од 2001 до 2007 година а потоа ги бранеше боите на Ливерпул, Челзи и Милан (позајмен). Торес реши да се врати во матичниот тим во 2015 година.
„Сонував да заминам во пензија како играч на Атлетико, но, соништата не се остваруваат секогаш. Не знам каде ќе одам по завршувањето на сезоната, но, знам дека можам да продолжам да играм“, изјави голгетерот.