Напаѓачот на Атлетико Мадрид Фернандо Торес веројатно ќе игра во САД од новата сезона. Торес има понуда од клубот Хјустон Динамо кој игра во МЛС лигата.
34-годишниот фудбалер има добиено понуди од уште три клуба – Чикаго, Монтреал и Канзас Сити. Тој сепак би го одбрал Хјустон поради топлото време.
Тим од Кина исто така има желба да го привлече Торес, кој веќе ја објави својата одлука дека ќе го напушти Атлетико Мадрид, бидејќи тренерот Диего Симеоне ретко смета на него. Од почетокот на сезоната, поранешниот шпански репрезентативец има 25 натпревари и 3 гола во Ла Лига.
Во финалето на Лига Европа против Олимпик Марсеј тој ќе се обиде да го освои првиот трофеј со Атлетико Мадрид.