Играчот за врска на Борусија Дортмунд, Торган Азар се здоби со повреда на мускулот и ќе биде надвор од теренот неколку недели, се наведува во информацијата објавена на веб-страницата на клубот.
Забележано е дека Азар започнал да тренира со тимот завчера, откако се опоравил од повредата на колкот. Во 1/8 финалето од Купот на Германија со Ајнтрахт Брауншвајг (2:0), што се одигра вчера, 27-годишниот Белгиец влезе како замена на крајот од второто полувреме, во 83-та минута.
Точниот период за закрепнување на Азар сè уште не е објавен. Оваа сезона во германската Бундеслига, Торган Азар настапи на пет натпревари и постигна еден гол. Во групната фаза во Лигата на шампионите на УЕФА, тој исто така одигра пет средби, на кои постигна еден гол и една асистенција.

