Како што беше најавено утринава, Давиде Никола е новиот тренер на италијанскиот прволигаш Торино.
Давиде Никола, поранешен играч на Торино, го наследи Марко Џампаоло, кој синоќа доби отказ поради лошите резултати на клубот. Торино е во зоната за испаѓање по 18 кола во Серија А со само две победи од почетокот на сезоната.
Давиде Никола, 47 години, последен пат работеше во Џенова, помагајќи му на тимот да избгне испаѓање минатата сезона. За Давиде Никола се вели дека е специјалист за да извади тим од тешка ситуација и да го спаси од испаѓање.

