Тимот на Торино е подготвен да понуди 15 милиони евра на Валенсија за да го доведат во своите редови Симоне Заза.
„Биковите“ бараат нов напаѓач откако имаа сериозни проблеми во нападот за време на минатогодишната сезона, каде што Андреа Белоти долго време беше повреден.
Тренерот на Торино, Валтер Мацари, побара од раководството на клубот да го вратат Заза во Серија А, пренесува „Тутоспорт“. Заза го напушти калчото заминувајчи во Вест Хем од шампионот Јувентус.
Подоцна реализираше трансфер во Шпанија односно во Валенсија каде имаше добри настапи со постигнати 13 гола во текот на сезоната која заврши.