Велшкиот фудбалски стратег, Џон Тошак, вели дека неговиот сонародник Герет Бејл треба да ја преиспита одлуката дали има логика да остане во редовите на Реал Мадрид бидејќи „кралевите“ јавно објавија дека сакаат да се ослободат од неговите услуги.
Иако шпанскиот состав подолг период се обидува да го убеди брзоногиот фудбалер да си замине од тимот, агентот на Бејл, вели дека неговито клиент сака да го одработи договорот и дека нема намера да си замине од „Сантијаго Бернабе“ иако главно ја грее клупата за резерви. Според Тошак, таа ситуација не е добра и затоа двете страни треба да седнат на маса и да најдат решение.
„Многу често се случуваат такви работи. Мора да седнете и да ги решите. Мислам дека треба да има некаков дијалог. Луѓето очекуваат многу повеќе од Бејл“ – потенцираше Тошак.