Англискиот фудбалски репрезентативец, Дени Роуз, има реални шанси да си замине од редовите на Тотенхем до крајот на летниов преоден рок. Левиот бек одбил да биде испратен на позајмица во германскиот Шалке 04, но, затоа е расположен за трансфер во францускиот шампион ПСЖ, кој јавно објави, дека е заинтересиран за неговите услуги.
Според, „Лондон Ивнинг Стандард”, првите луѓе на Тотенхем се подготвени да се разделат со фудбалерот доколку ја добијат посакуваната сума. Во истовреме, Тоби Алдерверлед кој цело лето беше поврзуван за трансфер, сепак ќе остане во екипата на инсистирање на стратегот, Маурисио Почетино.
Весникот објави дека Камерон Картер-Викерс ќе биде испратен на позајмица во клубт од Чемпионшип дивизијата. Се претпоставува дека тоа ќе биде Свонси.