Доколку Антонио Конте биде назначен за тренер на Тотенхем, клубот е подготвен да одвои речиси 180 милиони евра на италијанскиот тренер за зимски трансфери, информира „The Sun“.
Раководството на Тотенхем е подготвено да му даде на Конте голем трансфер буџет, само за да го привлече во тимот. Претходно Антонио Конте јасно стави до знаење дека доколку биде назначен во Тотенхем би сакал да го засили тимот со 3-4 нови играчи.
Во текот на вчерашниот ден британските медиуми објавија дека Конте веќе допатувал во Лондон за да потпише договор со Тотенхем. Договорот на Италијанецот со англискиот клуб би бил со важност до 2023 година. На Антонио Конте му се допаѓа проектот на клубот, па е подготвен да го води овој тим. Од вчера Тотенхем е без тренер откако се раздели со Нуно Еспирито Санто.