Тотенхем е следниот клуб кој е во редот на заинтересирани клубови за потпишување на договор со младиот талент на Рома Николо Ѕаниоло.
Според весникот „Ла Република“, од Тотенхем се подготвени да направат понуда од 50 милиони фунти за играчот од средниот ред. Ова ќе биде добар профит за Рома која го зеде Ѕаниоло од Интер минатото лето, практично без пари, како дел од договорот за Раџа Наинголан.
Ѕаниоло се покажа како едно од откритијата на сезоната во Серија „А” и неговите добри игри не останаа незабележани од гиганти во Европа. Тој исто така е интересен за Арсенал, Милан, Јувентус, Њукасл и Реал Мадрид. Токму поради тоа од Тотенхем планираат да ја надмудрат конкуренцијата и да испратат понуда за играчот во најскоро време.
19-годишниот фудбалер одигра 24 натпревари, постигна 4 гола и 2 асистенции оваа сезона во Серија „А”. Тој исто така има 7 натпревари и 2 гола во Лигата на шампионите со тимот на Рома.