Раководството на Тотенхем го објави обновувањето на договорите со играчите Бен Дејвис и Хари Винкс. Договорите со овие играчи ќе бидат со важност до летото 2024 година.
26-годишниот дефанзивец Бен Дејвис е во Тотенхем од 2014 година. Тој поминува низ сите нивоа на Академијата на Свонси.

Хари Винкс е фудбалер кој доби шанса во првиот тим на Тотенхем на крајот од сезоната 2013/2014. На 27 јули 2014 година, 23-годишниот играч го потпиша својот прв професионален договор со Тотенхем.
Ова е добра информација за менаџерот на тимот Маурисио Почетино кој ќе ги има на располагање овие двајца играчи во наредниот период.

