Тотенхем би можел да се сврти кон Винсент Компани доколку Антонио Конте се раздели со лондонскиот клуб, пренесува весникот „Гардијан“.
Италијанскиот стручњак би можел да добие отказ пред крајот на оваа недела, откако жестоко ги критикуваше играчите на Тотенхем по нерешените 3:3 со Саутемптон на крајот од минатата недела. Раководството на тимот размислува и за враќање на Маурисио Покетино, кој работеше во клубот од 2014 до 2019 година.
Винсенст Компани (36 години) во моментов е главен тренер на Барнли. Оваа екипа е лидер на табелата во Чемпионшип лигата (втората по квалитет лига на Англија) со 83 бода од 37 одиграни натпревари.