Победникот во Лигата на Европа оваа сезона , Тотенхем, постигна договор со Томас Франк за испразнетото менаџерско место во клубот, објавија медиумите во Лондон.
51-годишниот Данец го водеше тимот на Брентфорд, во последните седум сезони и е добро запознаен со Премиер лигата. Тој ќе го замени Ангелос Постекоглу, кој беше отпуштен и покрај тоа што го освои првиот трофеј на Тотенхем од 2008 година.
Сепак, Спарси завршија на 17-то место во Премиер лигата минатата сезона, што го натера претседателот на клубот, Даниел Леви, да го отпушти Постекоглу.
Франк има уште две години од договорот со Брентфорд, но британските медиуми наведуваат дека ќе биде ослободен со помош на клаузула за ослободување од околу 10 милиони фунти.

