Раководството на Тотенхем го следи напаѓачот на Ајнтрахт (Франкфурт) – Рандал Коло Муани, тврдат медиумите во Германија. Француското крило може да се вклопи како замена за Хари Кејн, кој се чини дека е се поблиску до заминување од Лондон.
24-годишниот фудбалер имаше многу силна сезона, постигна 23 гола и 17 асистенции во 46 натпревари во сите натпреварувања за Ајнтрахт.
Со неговото име се поврзуваа голем број од големите тимови во Европа, но неговата цена од 100 милиони евра како да ги одврати повеќето кандидати. Сепак, Тотенхем сега го сврте интересот кон францускиот репрезентативец. Тој многу добро се вклопува во концептот и на клубот и на новиот тренер Анге Постекоглу со неговата младост, мобилност, сестраност и добра техника во нападот.
Во Тотенхем се надеваат дека ќе земат голема сума од околу 100 милиони фунти за својот голгетер и ќе реинвестираат дел од тоа во Коло Муани, а можеби и во друг напаѓач.