Англиски Тотенхем синоќа и официјално го отпушти менаџерот Антонио Конте. Италијанскиот стратег заминува од северен Лондон по само 16 месеци на чело на Спарс.
Конте го напушта Тотенхем од четвртото место во Премиер лигата со 49 бода и заминува по неодамнешните лоши резултати, како и неговата неславна прес-конференција на која зборуваше и против играчите и против управата на клубот по ремито 3-3 со Саутемптон.
Тотенхем објави дека помошникот на Конте, Кристијан Стелини, ќе остане на работа и ќе го води тимот до крајот на сезоната, а негов помошник ќе биде Рајан Мејсон. Веќе утрово пристигнуваат првите информации за името на новиот менаџер за следната сезона. Поранешниот менаџер на Баерн, Јулијан Нагелсман би можел да го преземе Тотенхем на лето, откако и тој остана без работа по изненадувачкиот отказ од Баерн (М).