Тотенхем и официјално го потврди доаѓањето на позајмица на Арнаут Данџума од Виљареал.
Се очекуваше 25-годишниот играч да му се приклучи на Евертон претходно во текот на месецот, но Тотенхем се нафати да го обезбеди неговиот потпис во што успеа во последните денови.
Во клупското соопштение се вели: „Среќни сме што можеме да го објавиме потписот на Арнаут Данџума на позајмица од Виљареал до крајот на сезоната 2022/23, што е предмет на меѓународна дозвола“.