Премиерлигашот Кристал Палас го комплетираше трансферот на Бренан Џонсон од Тотенхем за клупски рекордна сума.
Според инсајдерот Бен Џејкобс, договорот вреди 35 милиони фунти.
24-годишниот играч од средниот ред потпиша договор на четири и пол години и ќе го носи дресот со број 11 за својот нов тим.
Бренан Џонсон ќе има право на своето деби за Кристал Палас во Премиер лигата против Њукасл на „Сент Џејмс Парк“ во недела.
Минатата сезона, Џонсон беше најдобар стрелец на Тотенхем со 18 гола и седум асистенции во сите натпреварувања. Оваа сезона, Велшанецот има 16 настапи во Премиер лигата , постигнувајќи два гола. Џонсон, исто така, одигра 42 натпревари за Велс, постигнувајќи 7 гола.

