Тотенхем го заврши трансферот на Танги Ндомбеле од Олимпик Лион. Овој трансфер е рекорден за Тотенхем, затоа што вкупната негова вредност може да достигне 65 милиони фунти (од кои околу 10 милиони се во форма на бонуси). Претходното најскапо засилување на лондончани беше Давинсон Санчез, за кого беа платени 42 милиони фунти пред две години.
Играчот од средниот ред веќе потпиша петгодишен договор со опција за дополнителни 12 месеци. Тој ќе биде еден од најплатените играчи на Тотенхем. Неговата плата ќе биде 200 000 фунти неделно. Интерес кон Ндомбеле имаше и кај Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Јувентус, но тој ја избра понудата на финалистот во Лигата на Шампионите.
Французинот е второ ново засилување кое Тотенхем го привлекува денес, откако пред неколку часа беше објавен трансферот на Џек Кларк, кој сепак веднаш беше пратен назад на позајмица во Лидс Јунајтед.