Тотенхем постигна договор со Бетис за привлекување на играчот од средниот ред Џовани Ло Селсо, пренесува „Sky Sports“.
Се очекува Аргентинецот денес да допатува во Лондон за да ги помине лекарски прегледи и да потпише со „Спарси“. Договорот меѓу двата клуба се очекува да биде во вредност од 55 милиони фунти, плус 5 милиони во форма на бонуси.
Бетис не го вклучи Ло Селсо во составот за синоќешниот пријателски напревар со Лас Палмас што беше сигнал дека играчот ќе се пресели во Англија.
Доколку договорот се оствари, Ло Селсо ќе стане вториот најскап фудбалер во историјата на Тотенхем, по Танги Ндомбеле, кој исто така беше привлечен ова лето за 63 милиони фунти од Лион.